Пеп Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер сити

Пеп Гвардиола (53) останува во Манчестер сити, клубот со кој од 2016 година освои 18 трофеи, вклучувајќи и шест титули во Премиер лигата. „Граѓаните“ се’ уште не ја потврдуваат големата вест, но неофицијална потврда стигна од повеќе извори откако приказната прв ја објави „Атлетик“.

Шпанскиот стручњак имаше договор до крајот на актуелната сезона, а со продолжување ќе остане на „Етихад“ до летото 2026 година. Наводно, во новиот договор има опција за продолжување на уште една година, но тој детал се’ уште не е потврден.

Под водство на Пеп, Сити собори многубројни рекорди, стана вториот англиски клуб кој ја освоил „тројната круна“, односно Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампиони (ЛШ) во иста сезона. Тие беа првите кои освоија четири титули по ред во најсилната англиската лига и освоија 100 поени во Премиер лигата во една сезона.

Сити моментално е втор во Премиер лигата, со пет бода помалку од лидерот Ливерпул, а за првпат во кариерата, Гвардиола моментално е во серија од четири порази во сите натпреварувања.

Откако спортскиот директор на Манчестер сити, Чики Бегиристан, најави заминување на крајот од сезоната, Гвардиола рече „дел од мене заминува“. Сепак, судбината не ја врзува за својот близок пријател и долгогодишен соработник.

„Би-би-си“ пишува дека Гвардиола ја добил понудата за нов договор пред два месеца, но одговорот го дал дури минатата недела. Неодамна, тој изјави дека сака да биде „вистински убеден“ оти неговиот престој ќе биде „најдобро за клубот“…

Прочитајте уште...  (Видео) Манчестер јунајтед го преживеа киксот на Онана, победи во Плсен

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.