Исак е главната мета на Арсенал во зимскиот преоден рок

Шведскиот репрезентативец и фудбалер на Њукасл, Александер Исак ќе биде главната мета на Арсенал во зимскиот преоден рок. Информациите кои доаѓаат од Англија велат дека Исак е голема желба на Микел Артета, но досега „страчките“ не ги прифатиле понудите на Арсенал.

 

Сега ситуацијата е поразлична, а Њукасл е подготвен да преговара во случај ако Арсенал испрати конкретна понуда за Швеѓанецот. За трансферот на Исак, Њукасл ќе бара около 100 милиони евра, кои подоцна може да ги искористи за неколку квалитетни засилувања. Англиските медиуми исто така истакнуваат и дека Исак има голема желба да заигра за лондонскиот клуб, па ако двата клуба се договорат тој не би имал ништо против да им се придружи на „топчиите“.

 

Исак пристигна во Њукасл во 2022 година за цена од 70 милиони евра од Реал Сосиедад.

 

 

Прочитајте уште...  (Видео) Манчестер јунајтед го преживеа киксот на Онана, победи во Плсен

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.