Синот на Златан Ибрахимовиќ донесе одлука за која земја ќе игра

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе игра за јуниорската репрезентација на Шведска, соопштија од Федерацијата на оваа земја и со тоа ќе ги следи стапките на својот татко.

Максимилијан Ибрахимовиќ (18) е син на поранешниот шведски репрезентативец Златан и е фудбалер на Милан, а за прв пат во кариерата ќе игра за репрезентација на Шведска.

Тој можеше да игра и за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, но реши да тргне по стапките на својот татко.

– Одлично стартуваше со Примавера. За нас е добра можност да го видиме во нашата средина, изјави селекторот на јуниорската репрезентација, Андреас Петерсон за шведски Експресен.

Јуниорската репрезентација на Шведска за неколку дена ќе одигра два натпревара во Шпанија против селекциите на Јапонија и на САД.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Потоп на Црвена ѕвезда на гости кај Интер, Арнаутовиќ не го прослави голот!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.