УЕФА го „реши“ судијата кој на играч му се заканувал со смрт!

УЕФА соопшти дека италијанскиот судија, Фабио Мареска нема да суди на денешниот натпревар од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу ПСВ и Спортинг во Ајндховен.

Мареска требаше да биде четврти судија, но беше избришан од списокот бидејќи на мечот од кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби му се заканувал на еден од играчите со смрт!

Мареска беше јавно обвинет за закани, по што УЕФА брзо реагираше и го симна од списокот за натпреварот од ЛШ.

Неговото место ќе го пополни сонародникот, Даниеле Довери. Главен судија на натпреварот ќе биде Марко Гуида, а помошници Чиро Карбоне и Џорџо Перети. Минатата сезона Мареска го судеше натпреварот од Купот на Хрватска меѓу Динамо и Хајдук на Пољуд.

Прочитајте уште...  Деловните интереси прeд „клупските бои“: Приведени 19 навивачи на Милан и на Интер поради изнуда и врски со мафијата?

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.