Солскјер би прифатил да се врати во Манчестер јунајтед

Оле Гунар Солскјер бил подготвен да се врати на клупата на Манчестер јунајтет. Норвежанецот ова го изјавил на бизнис форумот во Осло, секако под претпоставка дека некој во клубот го повика да го замени Ерик Тен Хаг.

-Ако вашето семејство ве покани да им помогнете, секако дека ќе го прифатите, нели?, рекол Норвежанецот и дополнил.

-Сепак, Манчестер јунајтед има тренер. Навистина не сакам да зборувам на таа тема во оваа ситуација. Но, ако треба да одговорам, мојот одговор би бил потврден.

Солскјер беше сменет од клупата на Манчестер јунајтед во септември 2021 година и оттогаш нема никаков ангажман како тренер или селектор, иако имаше неколку покани, пред се од канадската репрезентација и клубови од Саудиска Арабија.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема 11-та позиција на табелата во Премиер лигата со седум освоени бода од пет натпревари, а во средата вечерта ремизираше на домашен терен против холандски Твенте во првиот натпревар од новото издание на Лига Европа.

Прочитајте уште...  Гвардиола: Ќе ја покажеме нашата уникатност против Реал Мадрид

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.