Марио Балотели кој пред десетина години ветуваше многу, во моментот е без клуб и чека понуди како слободен агент.
Тој со неговата последна изјава, нагласи дека згрешил што направи трансфер во Бреша, бидејки таму дошол поради љубов, а сега тврди дека работата и љубовта не треба да се мешаат кога еден играч сака д анаправи кариера.
Додека чека нов клуб, Балотели одлучно признава дека направил грешка со тоа што потпишал за фудбалскиот клуб Бреша.
– Во Бреша заминав поради љубов, но видов дека погрешив. Љубовта и работата не треба да ги мешаме и да ги поврзуваме. Згрешив со тој трансфер, порача Балотели.
Исто така го прашаа во кој период го играл најдобриот фудбал, а тој и на тоа одговори:
– Во периодот кога го носев дресот на Манчестер Сити и Интер, тоа беше мојот најдобар фудбал, се надоврза Супер Марио.