Де Брујне неизвесен за Арсенал

Манчестер сити не успеа да го победи Интер во првото коло од Лигата на шампионите, а дополнителен проблем за тренерот Пеп Гвардиола е повредата на Кевин Де Брујне.

Белгиецот поради повреда беше заменет на полувремето од натпреварот против тимот на Милано.

-Не знам точно во што е проблемот. Сè уште не сум разговарал со лекарите. Верувам дека се ќе биде појасно во петок“, изјави тренерот Пеп Гвардиола.

Според медиумите во Англија, мали се шансите Де Брујне да го започне натпреварот против Арсенал во Премиер лигата, во недела.

Сити освои четири последователни титули на островот, а Арсенал е нивниот главен ривал во последните две сезони.

Прочитајте уште...  Ван Бастен: „Идиотски е тоа што го прави Тен Хаг. Има играч од 50 милиони евра што се шета по теренот“!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.