Бориша Симаниќ ќе настапува за Игокеа

Српскиот кошаркар Бориша Симаниќ потпиша договор со Игокеа и за него ова ќе биде прв клуб после страшната повреда што ја доживеа на СП во Манила.

Симаниќ мораше да мине низ операција во која му беше отстранет едниот бубрег, а потоа следуваше долг период на рехабилитација.

– Здоволни сме од потписот со Симаниќ. Тој се враќа на терените после повеќе од една година и се надеваме дека во нашиот клуб повторно ќе блесне во сиот сјај, прикажувајќи го својот талент на сите натпревари. Му посакуваме топло добредојде во Игокеа, стои во клупското соопштение.

Прочитајте уште...  Дарко Панчев за „Газета дело Спорт“: „Црвена ѕвезда ми е апсолутно се' во животот“

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.