Кјелини се врати во Јувентус, сега е менаџер

Поранешниот фудбалер на Јувентус Џорџо Кјелини се врати во италијанскиот клуб во улога на менаџер.

– Се вратив дома, во друга улога, Јувентус е дел од мене, објави денеска Кјелини на социјалните мрежи.

Тој ќе ја извршува административната улога на директор за институционални односи во Јувентус.

Со Јувентус, за кој одигра 561 натпревар и постигна 36 гола, Кјелини освои девет титули во Серија А, пет пати го освои Купот на Италија и двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите (2015, 2017).

Кјелини ја заврши својата кариерата минатата година во дресот на Лос Анџелес.

Прочитајте уште...  Аморим: Тешка игра во тешко време, но патот е долг!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.