Дејвид Бекам ќе ја предводи поворката на погребот на Свен Ериксон

Познатиот тренер Свен Ериксон ќе биде погребан денеска во родниот град Торсби во Шведска. Дејвид Бекам ќе ја предводи поворката на фудбалските легенди и официјални лица на збогувањето со Ериксон, објавија медиумите.

Бекам беше капитен на англиската репрезентација во времето кога селектор беше Ериксон, а под негово водство одигра 57 од 59 натпревари за „Трите лава“.

Ериксон почина од рак на панкреасот, осум месеци откако беше откриено дека боледува од оваа подмолна болест.

Познати се уште некои детали од погребот на легендарниот тренер. Погребот ќе се одржи во гратче со 4.000 жители. Погребната поворка ќе почне од црквата Фриксанде по патот долг 700 метри. Црквата има 600 седишта, од кои 200 се резервирани за семејството и за пријателите.

Пред црквата ќе биде поставен видео бим за тие што се навор да ги гледаат и да ги слушнат говорниците. Од присутните се бара да носат црно на црковната богослужба што ќе ја врши жена свештеник, Ингела Алвског.

Градскиот дувачки оркестар ќе свири 14 минути, колку што трае патувањето, а на репертоарот се омилените џез-песни на Ериксон кои се во склад со неговата последна порака: „Славете го животот“.

Прочитајте уште...  (Видео) Нотингем Форест по пауза од 30 години победи на „Олд Трафорд“

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.