ФК Гостивар забрани присуство на публика во Маџари, „Комити“ реагираа: Никој не може да не спречи да го бодриме Вардар!

Од редовите на Гостивар пред натпреварот против Вардар кој ќе го играа во Маџари на стадионот „Борис Трајковски“ донесоа одлука натпреварот да се игра без присуство на публика.

Стадионот „Борис Трајковски“ често пати бил дом и на Вардар, па јасно е дека црвено-црните би добиле голема поддршка, па така за да не се чувствуваат како да играат на гостински терен од Гостивар одлучиле натпреварот да се игра без публика.

На таа одлука преку социјалните мрежи реагираше навивачката група „Комити“ од каде што порачаа дека без разлика што одлучил Гостивар, тие ќе бидат в недела во Маџари.

„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!

Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!

Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.

Локација: Кино Маџари

Поаѓање:14:00ч.

Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!

Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!

Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш! НЕМА НИКОЈ ДА НИ ЗАБРАНИ!“, објавија „Комити“.

Натпреварот помеѓу Гостивар и Вардар е закажан за во терминот од 15:00 часот.

Прочитајте уште...  Мбапе: Не смеам да кажам зошто не добив повик од селекторот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.