Асот на Тотенхем расно навредил соиграч. Може биде биде суспендиран 12 меча!

Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија покрена дисциплинска постапка против играчот од средниот ред на Тотенхем, Уругваецорт, Родриго Бентанкур за расна навреда на соиграчот Кореецот, Сон Хеунг-мин.

Во интервју за уругвајската телевизија во јуни, водителот на Канал 10 го прашал дали може да го добие дресот на играчот на Спарс, на што тој одговорил: „На Сон? Може да биде и од роднина на Сон, тие сите исто изгледаат“!

Бентанкур подоцна се извини на Инстаграм и рече дека неговиот коментар е „многу лоша шега“. ФА соопшти дека 27-годишниот уругвајски репрезентативец „е обвинет за наводно прекршување на Правилото Е3 на ФА за недолично однесување во врска со интервју за медиумите“.

ФА рече дека изјавата претставува „сериозно прекршување бидејќи вклучува повикување, или експлицитно или имплицитно, на националноста и/или расата и/или етничкото потекло“.

Што се однесува до должината на забраната, правилата на ФА велат дека надворешните „санкции  се од 6 до 12 натпревари и ќе им се препорачаат на регулаторните комисии за речиси сите дела на дискриминација на поединечни учесници“.

„Би-би-си“ додава дека Бентанкур има рок до четврток, 19 септември да одговори на обвинението. Во истовреме, добротворната организација за антидискриминација „Kick it Out“ рече дека добила „значителен број“ поплаки за расната навреда од Бентанкур, што го истакна „поширокиот проблем што силно ги погодува источните азиски и пошироките заедници“.

„Разговарав со Лоло“, рече Сон во јуни. „Направи грешка, го знае тоа и се извини. Лоло никогаш не би кажал нешто навредливо, намерно. Ние сме браќа и ништо не се смени. Минавме низ ова, обединети сме и ќе се вратиме за да се бориме за нашиот клуб како еден“, рече Сон.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Потоп на Црвена ѕвезда на гости кај Интер, Арнаутовиќ не го прослави голот!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.