Доскорешниот генерален секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Јован Шурбатовиќ уште еднаш го впери прстот кон селекторот, Драган Стојковиќ Пикси.
Шурбатовиќ во интервју за „Вечерње новости“ истакнува дека Пикси одлучувал за се’ во Сојузот, додавајќи оти тој нема апсолутно никаква врска со авионот што Србија ја превезе во Германија, што предизвика голем скандал. Станува збор за хрватски авион со „шаховница“ внатре.
– Селекторот сам си постави за цел да се мине во втората фаза на ЕП. Тоа не го постигна по втор пат и нема ни трошка одговорност. Очекував барем некаков знак на одговорност, барем малку самокритика.
Секогаш некој друг е виновен. Спортска (не)среќа, играчи, ВАР и судии. И трето и најважно, дали мислите дека беше лесно да функционирате како генерален секретар кога имате тровластие во Сојузот?, вели Шурбатовиќ.
За спорниот авион Шурбатовиќ рече дека немал апсолутно никаква врска при изборот на авиокомпанијата, туку дека тоа го сторил Стручниот штаб.
– Ја прифатив командната одговорност на џентлменски начин, иако немав апсолутно никаква врска со тоа. Од гостувањето во Бугарија и краткиот лет до Варна кога беа незадоволни од големината на авионот, таа работа ја презеде тим менаџерот на А тимот по налог на селекторите.
Селекторот долги години се прашуваше за се’ во Сојузот, па беше бесмислено да му се противи. Кога имаше проблем сите се извлекуваа, исто како по резултатите во Германија. Одговорност мора да има, еве јас ја прифатив, иако не ги бирав авионите, ниту па го составував тимот, истакна Шурбатовиќ.