(ФОТО) Хрватот Ловрен замина во Грција, во ПАОК

Хрватскиот интернационалец, Дејан Ловрен довчерашен играч на францускиот Лион,  кариерата ќе ја продолжи во Грција, во ПАОК.

Ловрен дојде во Лион во јануари минатата година по заминувањето од Зенит. Тој претходно играше во Лион, од 2010 до 2013 година, по што за 10 милиони евра замина во Саутемптон, а една година подоцна во Ливерпул за 25,3 милиони евра. Пред Лион, Ловрен играше за Динамо Загреб.

Во кариерата тој одигра 134 натпревари за Лион, а најмногу настапи забележа во дресот на Ливерпул, дури 185. За Хрватската репрезентација Ловрен одигра 78 натпревари и постигна пет гола, а од националниот тим се прости во февруари минатата година.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Потоп на Црвена ѕвезда на гости кај Интер, Арнаутовиќ не го прослави голот!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.