Маркињос ја признава болната вистина на актуелниот Бразил

Репрезентацијата на Бразил некогаш значење поим за фудбал, но по поразот од репрезентацијата на Парагвај, тоа не е така.

Дефанзивецот Маркињос истакна дека тимот минува низ исклучително тежок период, дека имаат низок степен на самодоверба и дека Бразил не игра така атрактивен фудбал како што светот очекува.

Бразил е поразен со 1:0 во квалификациите за Светското првенство 2026 година од Парагвај, па очигледно овој пораз им падна тешко.

– Воопшто не се лесни квалификациите. Она што ни останува е да работиме напорно и да се поправиме. Бразил е во тешка ситуација, имаме одредена промена на генерации и не е лесно да се мине низ овој процес.

– Се уште селекторот го бара вистинскиот тим кога ќе го извади составот на терен. Но сето тоа се одразува на нас и резултатите. Можам слободно да кажам дека овој Бразил е репрезентација без самодоверба, порача Маркињос.

Светското првенство ќе се оддржува во 2026 година, во Сад, Мексико и Канада.

Прочитајте уште...  УЕФА го „реши“ судијата кој на играч му се заканувал со смрт!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.