Партизан остана без комплетната управа!

Судејќи според информациите од официјалната интернет страница на ФК Партизан, овој некогаш познат клуб – веќе нема управа! пишуваат белградските медиуми.

Кога ќе се кликне на опцијата „менаџмент на клубот“, не се добива ништо – само црна површина. Во сето тоа има многу симболика.

За „црно-белите“ би било одлично ако ова не беше грешка на интернет страницата, односно ако најлошото раководство во клупската историја си ги спакуваше куферите и ја напуштеше Хумска.

Партизан е на најниската точка во клупската историја. Клубот од Хумска е со километри оддалечен од борба за титулата во српскиот фудбал, а впечаток е дека ќе биде многу тешко дури и да се стигне до вицешампионската позиција.

Покрај се’ летово за кратко време испадна од трите европски натпреварувања, од Лигата на шампиони (ЛШ), Лига Европа (ЛЕ) и од Лигата на конференции (ЛК).

Прочитајте уште...  Влаховиќ му платил на соиграч од Јуве 100.000 евра како би го спасил од коцкарски долгови

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.