Пензионираниот бразилски играч за врска Андерсон (36) и некогашен репрезентативец, кој поголемиот дел од кариерата ги мина како играч на Манчестер јунајтед (181 натпревар), може да заврши во затвор доколку не ги плати приближно 50.000 евра што ги должи за алиментација.
Нему му се заканува казна затвор од 30 дена, која би била од полуотворен тип. Тоа значи дека би можел да ги извршува обврските преку ден, но би морал да преноќи во ќелија! Англиските медиуми пренесуваат дека во 2015 година Андерсон бил татко на четири деца, а сега има девет!
Пред три години Андерсон беше под истрага за перење пари. Според информациите од Бразил, тој бил еден од осумте лица кои државниот правобранител ги довел во врска со пренасочување на околу 5,5 милиони евра од државната берза и перење пари преку криптовалути.
Еден од стрелците во пенал рулетот против Челси во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) во 2008 година, веќе неколку години се занимава со криптовалути, а за „Глобу“ потврди дека неговата компанија продавала биткоини на компанија под истрага.
Освен што ја освои ЛШ, тој со Јунајтед освои и четири титули во Премиер лигата.