Анчелоти со барање до Реал – нов договор со важен играч

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти сака Дани Карвахал да го продолжи договорот со клубот, пренесува шпанскиот спортски весник „Aс“.

„Ас“ наведува дека Анчелоти очекува искусниот Карвахал кој моментално е заменик капитен на Реал, да ја продолжи соработката со мадридскиот клуб до јуни 2026 година.

– Карвахал има историска можност да стане капитен. Ова ќе се случи кога Лука Модриќ ќе реши да го напушти Реал. Никој не знае кога ќе биде тоа, но се очекува Карвахал да биде следниот капитен на Реал, се нагласува во текстот на шпанскиот весник.

Карвахал (32) порасна во Реал, а од 2010 до 2012 година настапуваше за вториот тим на мадридскиот клуб. Тој сезоната 2012/2013 ја мина во Баер Леверкузен, а потоа се врати во Реал.

Карвахал за Реал одигра 421 натпревар, постигна 13 гола и освои 26 трофеи.

Прочитајте уште...  Марсело: Крос и Модриќ без извонредни, Иско ме импресионираше, но најдобрар од сите е Ронадињо

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.