„Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано е еден од најпознатите стадиони на планетата. На него се играа големи натпревари и финалиња, но и покрај тоа имаше став дека треба да се урне и да се изгради нов. Сепак, се чини дека тоа нема да се случи поради финансиски причини.
Иако Интер и Милан имаа идеја да изградат два нови стадиона на други локации, тоа нема да се случи. Весникот „Кориере дела сера“ открива дека италијанските гиганти ќе го реконструират „Сан Сиро“.
| Milan and Inter have decided: they will remain together in a single stadium. The two owners have considered the investments for different facilities to be excessive and will now go together to mayor Sala for San Siro .
The cost of the renovation is considered…
— Italian Football News (@footitalia1) September 11, 2024
Тоа би требало да ги чини околу 700 милиони евра, а не 400 милиони како што првично мислеа, односно двата клуба ќе ги поделат трошоците. Овој предлог ќе му го достават на градоначалникот Бепе Сала во петок, пред да биде донесена конечната одлука на крајот од месецот.
Идејата Интер и Милан да добијат нов дом за себе дефинитивно пропадна бидејќи трошоците се преголеми за нив. Еден стадион би чинел околу милијарда евра, а со приходите во Италија тоа е невозможна мисија.
Затоа со заеднички сили тие ќе го реновираат еден од најпознатите стадиони во светот, кој треба да биде решение за одржливост најмалку три децении.