Случај Пол Погба: По киднапирањето, допинг скандалот и изнудата, братот и неговите соучесници на суд!

Братот на Пол Погба, некогаш еден од најдобрите светски фудбалери, ќе се најде на суд со уште петмина соучесници како дел од случајот за изнуда кон фудбалерот пред две години, соопшти обвинителството во Париз.

Судијата им нареди на шестмината обвинети да се појават пред судот по истрагата за тоа дали Пол Погба бил цел на изнуда од неговиот брат Матијас и на пријателите од детството, според обвинителството.

Матијас Погба (34) е обвинет за „обид за изнуда и заговор“, додека другите петмина обвинети се соочуваат со слични обвиненија. Тие од францускиот фудбалер, наводно, барале 13 милиони евра, тврдејќи дека не им помогнал откако станал меѓународна фудбалска ѕвезда!

Според обвинителството, групата постојано го заплашувала Пол, а била обвинета и за изнуда со употреба на насилство, киднапирање и криминален заговор. Пол Погба во текот на истрагата изјавил дека и платил 100.000 евра на групата, вклучително и на братот.

Матијас Погба, како и Пол, беше фудбалер, но најголемиот дел од кариерата го мина во тимови од понизок ранг низ Европа.

Пол Погба, некогаш еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, во последните години е во центарот на вниманието повеќе поради проблемите надвор од теренот отколку поради фудбалските успеси.

Погба моментално се жали до Судот за спортска арбитража (САС) во Швајцарија, откако беше суспендиран во Италија на четири години поради позитивен допинг тест.

Прочитајте уште...  (ВИДЕО) Крај на извонредната кариера. Иниеста најави дека ќе се пензионира!?

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.