Селекцијата на Македонија оствари важна победа во 2. коло од Лигата на нации против Ерменија, иако со играч помалку на терен, беа впишани бодовите.
Многумина беа скептици дека Македонија ќе задржи и бод по исклучувањето на Зајков во првиот дел, но сепак, се одигра добро и бодовите ги оставивме во Скопје.
– Мене ми останува само да им честитам на момците за ова што го покажаа, кога е најголемиот притисок околу Македонија, тогаш знае да се биде на висина на задачата, што се покажа и денеска. Имавме хендикеп поради исклучувањето на Зајков, но дефинитивно бевме решение да го добиеме овој натпревар, порача Благоја Милевски.