Гвардиола си оди од Сити? Но Манчестер има таен план од 300 милиони евра!

Се погласни се гласините дека каталонскиот стручњак, Пеп Гвардиола на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити. Тогаш му истекува договорот, нов не е на видок, поради што станува очигледно дека по девет години ќе ја заврши мисијата на „Етихад“.

Според британските медиуми, „граѓаните“ се подготвуваат за тоа. Арапските сопственици имаат „план Б“ во случај на заминување на Гвардиола и за неговиот наследник подготвуваат дури 300 милиони евра за реконструкција на тимот во кој на дел од играчите им „истече времето“.

Парите не се проблем за газдите на Сити, но засега нема никакви шкелулации околу можниот нов менаџер, бидејќи, наводно, тоа е таен план на клубот! Кој и да е, ќе му биде многу тешко да го направи тоа што Каталонецот го направи на „Етихад“, освојувајќи се што можеше.

Во витрините на „граѓаните“ Пеп донесе 18 трофеи, од кои највредни се шест шампионски титули во Премиер лигата и еднa во Лигата на шампиони (ЛШ).

Прочитајте уште...  Синот на Златан Ибрахимовиќ донесе одлука за која земја ќе игра

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.