Зидан го „откачи“ Манчестер јунајтед: „Јас работам на поинаков начин…“

Откако остана без клуб, Зинедин Зидан беше поврзуван со многу тимови. Сепак, згора на се’, тој реши да остане без ангажман, а овојпат го „откачи’ славниот Манчестер јунајтед, пренесува „Дејли мејл“.

Манчестер јунајтед игра лошо и сезонава, па постои можност Ерик Тен Хег да добие отказ и на негово место евентуално да дојде Зидан. Но, тој едноставно отфрли било каква можност тоа да се случи.

– Дали би сакал да го преземам Манчестер јунајтед? Разбирам англиски, но не го зборувам добро. Знам дека има тренери кои доаѓаат во клубови без да го знаат јазикот што се зборува во таа земја. Јас работам на поинаков начин, изјави Зидан за францускиот спортски весник „Л’Екип“.

Фудбалерите на Jунајтед забележаа една победа и два поразa во првите три кола од новата сезона во Премиер лигата.

– Потребни се многу елементи за да се биде победник. Така што јас сум свесен што е потребно за да се победува, додаде Зидан.

Зидан (52) беше тренер на Реал од 2016 до 2018 година и од 2019 до 2021 година. Со мадридскиот клуб освои 11 трофеи.

Прочитајте уште...  Лукас Васкез ќе го пропушти мечот со Манчестер сити

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.