Познатиот британски новинар за менаџерот на Јунајтед: „Тен Хаг е комплетен идиот“!

Познатиот британски новинар, Пирс Морган му се нафрли на менаџерот на Манчестер јунајтед, Холанѓанецот, Ерик Тен Хаг.

Поранешниот новинар на „Си-ен-ен“ менаџерот на Јунајтед го нарече „комплетен идиот“ при појавувањето во утринската програма на „Ток спорт“.

Судирот на Тен Хег со Роналдо, кого Морган многу го почитува, беше причина за бруталната прозивка на сметка на Холанѓанецот.

– Некои мислат дека Роналдо повеќе не може да се сфати сериозно откако се пресели во Саудиска Арабија. Тоа е целосно сра*е.

Во моментов нема подобар стрелец во светот од Кристијано Роналдо. Синоќа ја погоди стативата и даде гол. Тен Хаг е комплетен идиот, извини, но тоа си, рече Морган и додаде:

Зборува глупости. Сега зборува за Хари Потер. Тен Хаг е се’ што ми кажа Роналдо во интервјуто за него. Тој е како мал учител во основно училиште кој не знае како да се однесува со паметни ученици, рече Морган.

Но не застана тука: „Погледнете ги само талентите со кои не се снајде – Роналдо, Џејдон Санчо, Маркус Рашфорд… Тој знае да донесе само играчи од Ајакс. Не ми се верува што зборува, но факт е дека Јунајтед е полош од минатата сезона“.

Прочитајте уште...  Мбапе: Не смеам да кажам зошто не добив повик од селекторот

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.