Словенија одигра одличен меч и го декласира Казахстан со 3:0 во 2.коло од групата 3 во Лигата на нации (ЛН) Б, со хет-трикот на Бенјамин Шешко и по два натпревара има четири бода. Избраниците на Матјаж Кек го решија мечот веќе во првото полувреме.
Шешко ја доведе Словенија во водство во 23. минута, а пет минути подоцна зголеми на 2:0. Гостите беа целосно безопасни, а напаѓачот на Лајпциг ја заверу победата со третиот гол во 63. минута. Шешко го забележа првиот репрезентативен хет-трик и стигна до бројката од 14 гола на 35 настапи за Словенија.
По мечот словенечкиот селектор, Матјаж Кек ја пофали играта на Шешко.
– Шешко беше одличен реализатор вечерва, но и целиот тим одигра добро. Бени е генијалец, само треба да се погрижиме тимот да му помогне. Кога ќе го видам како се насмевнува, знам дека ни претстојат големи работи. За него се заинтересирани многу големи клубови.
Но Словенија не е само Бенјамин Шешко, Јан Облак или Матјаж Кек. Сакам да бидеме добро координирана машина, а таква можеме да станеме само ако сме доволно самокритични. Многу добра недела е зад нас. Ме критикуваа некои што играм бункер цело време. Па, на овој натпревар беше поинаку, изјави Кек.
Во вториот натпревар од оваа група Норвешка ја победи Австрија со 2:1. Победата на Норвежаните им ја донесе Ерлинг Халанд со голот во 80. минута.
Во несекојдневен натпревар во групата 4 од ЛН, Б, Црна Гора загуби на домашен терен од Велс со 1:2. Гостите поведоа во првиот напад со голот на Кифер Мур, а веќе во 3. минута беше 0:2 откако погоди Хари Вилсон.
Crna Gora primila gol posle samo 38 sekundi meča pic.twitter.com/Jlnp4ffn95
— Rade Fantastični (@RFantasticni) September 9, 2024
Домашните успеаја да намалат до крајот со голот на Дритон Камај во 73. минута, но повеќе од тоа не можеа. Во вториот натпревар од таа група Турција го победи Исланд со 3:1.