Нагелсман потврди: Тер Штеген по 12 години станува прв голман на Германија

Капитенот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген по 12 години ќе излезе на теренот како голман број 1 на Германија на саботниот натпревар против Унгарија во Лигата на нации (ЛН) во Дизелдорф.

„Ова е мелем за моето срце“, рече Тер Штеген во четвртокот, кога германскиот селектор, Јулијан Нагелсман го потврди како прв голман по 12 години чекање во сенката на Мануел Ноер.

Ноер реши да се повлече од меѓународниот фудбал на крајот од август, на 38-годишна возраст, и конечно да му ги „предаде ракавиците“ на Тер Штеген, кој на 32 години има само 40 натпревари за германскиот тим, наспроти 124-те на Ноер.

Пристигнувајќи во Каталонија во 2014 година од Борусија Менхенгладбах, Тер Штеген со Барселона ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) во 2015 година, како и пет титули во Ла лига и пет шпански купа .

Прочитајте уште...  Ван Бастен: „Идиотски е тоа што го прави Тен Хаг. Има играч од 50 милиони евра што се шета по теренот“!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.