Дебакл на Македонија (до 21 година) на гостувањето во Холандија

Репрезентацијата на Македонија (до 21 година) претрпе убедлив пораз од Холандија, 0:5 на гости во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.

Холандија во Алмере ја демонстрираше својата сила, и во секој сегмент од мечот ја надигра Македонија и на крајот забележа убедлива победа.

Регир уште во втората минута го „отвори“ резултатот по една одлична акција, а Охио во 22. минута зголеми на 2:0. Во продолжението Холанѓаните постигнаа уште три гола. Милион Манхоф во 61. и во 69.минута најави дебакл, а серијата ја заокружи Јури Регир исто така со вториот гол во 75. минута.

Во следниот меч од квалификациите Македонија му гостува на Гибралтар во понеделник.

Прочитајте уште...  Марсело: Крос и Модриќ без извонредни, Иско ме импресионираше, но најдобрар од сите е Ронадињо

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.