(ВИДЕО) Сан Марино ја слави втората победа во историјата, прва официјална!

Фудбалската репрезентација на Сан Марино по пауза од 20 години, ја постигна втората победа во историјата на националниот тим, совладувајќи го Лихтенштајн 1:0 во натпревар во рамките на Лигата на нации (ЛН).

Стрелец на единствениот гол беше 19- годишниот, Нико Сенсоли во 53. минута. Претходно, во 31. минута Лихтенштајн постигна гол, но по прегледувањето на ВАР снимките, судијата го поништи голот.

Ова е само втора победа во историјата на Сан Марино, најслабо рангираната репрезентација на листата на ФИФА, прва на официјален меч! Освен тоа имаат и девет ремија, од кои се тоа против против Турција, 0:0, а загубија 196 од 206 официјални натпревари досега.

Сан Марино кој има само 33.000 жители, првата, историска победа ја постигна во 2004 година, кога во пријателски меч исто така беше совладан Лихтенштајн со идентични 1:0, а стрелец беше легендарниот Енди Селва, кој има постигнато осум гола за Сан Марино.

Инаку, Селва одигра неколку забележителни клупски сезони, од кои се издвојуваат оние во Сасуоло, кога во периодот од 2006 до 2009 година постигна 23 гола.

Прочитајте уште...  Баерн од употреба ја повлече „петката“ на Франц Бекенбауер

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.