ФИФА: Годинава се направени 11.000 трансфери

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) вчера објави дека во 2024 година се направени рекорден број од 11.000 регистрирани меѓународни трансфери, што е зголемување за 4,8 насто во однос на истиот период лани.

Исто така, беше објавено дека клубовите ширум светот потрошиле повеќе од 6,4 милијарди долари за обештетување, што е втора најголема сума во историјата, но и намалување од 13,06 отсто во однос на рекордот лани.

Убедливи лидери кај потрошувачите се европските клубови со 5,58 милијарди долари, а доминираат англиските клубови кои само за време на летниот преоден рок потрошиле 1,6 милијарди долари. Сепак, и таа сума е пад од 15,5 отсто во однос на лани кога англиските клубови потрошија две милијарди долари.

Клубовите од Саудиска Арабија, исто така, забележаа пад на трошоците за неверојатни 50,74 проценти. По минатогодишните 875 милиони долари, саудиските клубови годинава потрошија 431 милион долари, но оваа бројка би требало да расте со оглед дека трансфер периодот во таа земја трае до октомври.

Зголемување на прометот е забележано и кај трансферите на фудбалерките. Годинава клубовите за обештетување потрошиле 6,8 милиони долари, што е повеќе од двојно во однос на лани.

Прочитајте уште...  Рабио го кани Погба во Олимпик Марсеј

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.