Македонија ги почна мини подготовките: Целта е прво место го групата

Репрезентацијата на Македонија ги почна подготовките за новата кампања во Лигата на нации (ЛН). Прв противник на Македонија се Фарските Острови, на гости, во сабота.

Димитар Митровски, 25-годишниот офанзивец на Вараждин, кој повторно доби шанса да го носи националниот дрес, вели дека не постојат однапред добиени натпревари.

– Мило ми е што повторно сум дел од репрезентацијата. Во тимот владее позитивна атмосфера. Нашата цел е првото место. Почеток на сезона е, сите момци се максимално спремни и желни за добар резултат.

Кога се игра за Македонија треба да се дава повеќе од 200 отсто. Секогаш сум го давал најдоброто во националниот дрес, така беше и во младинските категории, а така ќе биде и во иднина, рече Митровски.

И фудбалерот на Бохум, Агон Елези вели дека целта на Македонија е првото место во групата.

– Во модерниот фудбал нема предвреме добиени натпревари. Фарските Острови се многу незгоден ривал. Мора да се прилагодиме на нивната подлога (вештачка трева), но верувам во моите соиграчи и во позитивен резултат. Македонија во оваа група цели кон првото место со оглед на нашиот квалитет имаме право да веруваме, изјави Елези.

Прочитајте уште...  Добри вести за Ливерпул. Двајца првотимци повторно тренираат!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.