Како што тврди Фабрицио Романо, Галатасарај успеал да се договори со Наполи за трансферот на Виктор Осимен..
Осимен доаѓа во турското првенство на едносезонска позајмица во Галатасарај, а турската екипа ќе ја покрива неговата плата на која Наполи инсистираше во преговорите.
Во следните часови за иста маса ќе седат претставниците на Галатасарај и Виктор Осимен, со цел да ги договорат последните детали.
Многу се пишуваше ова лето, многу се преговараше и на крајот со сите силни милиони кои се најавуваа во Неапол за Осимен, на крајот тој ќе замине само на позајмица, а може да се каже дека во Наполи се големи губитници овој трансфер период, бидејки можеа да заработат 60, 70 милиони, но наспроти тоа, тие сакаа 100, па на крајот не добија ништо.
Galatasaray have reached an agreement in principle with Napoli over loan deal for Victor Osimhen!
One year loan, salary covered as Napoli have accepted these conditions.
Gala’s delegation to meet with Osimhen in Napoli in next hours for final green light to the move. pic.twitter.com/Heh7SJ50Yc
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 2, 2024