Драган Стојковиќ Пикси: „Избирам да бидам навреден, а не да навредувам“!

По неуспехот на ЕП во Германија, каде што освои само два бода во групата со Словенија, Данска и Англија и заврши на последното место во групата, српската репрезентација ја очекуваат нови предизвици во Лигата на нации (ЛН).

Србија на 5 септември во Белград ќе игра против Шпанија, а три дена подоцна и гостува на Данска.

Србија првпат ќе игра во Лигата А, највисокото ниво во ЛН. Тоа го постигна со освојувањето на првото место во групата Б во последното издание на ЛН кога играше против Норвешка, Словенија и Шведска..

Селекторот, Драган Стојковиќ Пикси (59) го преживеа неуспехот на ЕП и на прес-конференцијата ги најави натпреварите во ЛН.

– Јас ја сносам најголемата одговорност за постигнато на ЕП. Прифаќам дека само јас сум виновен за резултатскиот неуспех, но не беше така темно. По 24 години Србија се најде меѓу „кремот“ на европскиот фудбал. Жал ми е за луѓето во Србија кои очекуваа победи, но ќе има денови кога ќе се оддолжиме и ќе се вратиме за фантастичната поддршка.

Да не освоеа медал на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кошаркарите ќе беа напаѓани. Ватерполистите минаа низ пекол и станаа херои. Одиме од фаза на восхит па до нула. Апсолутно ја разбирам конструктивната критика, но не и останатото, рече Пикси.

Душан Тадиќ и Данко Лазовиќ се простија од репрезентацијата, а Стојковиќ тоа вака пркоментира.

– Веднаш по изјавата на Тадиќ дека се збогува од репрезентацијата, јас дадов изјава и тоа стои. Дали ќе го повикав или не е, е реторичко прашање… Ако некој кажал дека сака да му се посвети на клубот и на обврските, тоа морам да го почитувам.

Прочитајте уште...  Добри вести за Ливерпул. Двајца првотимци повторно тренираат!

Разговарав и со Лазовиќ, тој исто така ми кажа дека е фокусиран на клупскиот фудбал и на кариерата. Пред 15-на дена ме извести за својата одлука дека е мотивиран за клупска кариера, дека за две години ќе има 34, 35 години, и не се гледа себеси на Светското првенство… Го почитувам тоа мислење.

Стојковиќ беше прашан за откажувањето на Душан Влаховиќ, кој по шести пат го прави тоа: „Мое е да повикам, а нивното е да прифатат или не. Станува збор за семејни проблеми, ако имате некоја друга информација, ве молам кажете ми ја. Никаде не прочитав дека некој не сака и нема да игра, никој од играчите не го кажа тоа“.

За време на ЕП се шпекулираше дека голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се степал со навивач, а селекторот на Србија реши да ја расчисти ситуацијата.

– Јавноста мора да ја знае вистината. Пикси ги турка проблемите под тепих за да заштити некого? Немаше тепачка, немаше физички контакт, немам причина ништо да кријам.

Не можам да ги разберам шпекулациите. Мене сакаа да ме направат алкохоличар. Не можам да го разберам тоа. Јас не сум љубител на алкохол. Некогаш кога ќе се насмеам, некој тоа го толкува како несериозност.

Луѓето се тркаат да кажат зборови кои не се соодветни и на место. Но, како што реков, избирам да бидам навреден, а не да навредувам.

Нема безгрешни луѓе. Грешките постојат и се случуваат. Секогаш сум бил позитивен, никогаш никого не сум критикувал јавно..

Во списокот на играчи за ЛН има многу промени, а Стојковиќ тоа го прокоментира вака:

Прочитајте уште...  Рабио го кани Погба во Олимпик Марсеј

– Лигата на нации е одлична можност да видиме што можеме да очекуваме во март кога ќе почнат квалификациите за Светското првенство. Ниту еден играч не пречкртан и отпишан, никогаш тоа не сум го кажал.

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.