Горан Петрески поднесе оставка по двата порази со Вардар

Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1-3, шефот на стручниот штаб на Вардар, Горан Петрески, заедно со своите помошници ја презедоа одговорноста за двата последовни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагодарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец.

-Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овојпат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати, изјави Горан Петрески.

Во претстојната репрезентативна пауза, Вардар повторно ќе има задача да бара ново решение за тренерската позиција.

Прочитајте уште...  Пеп вели дека само еден човек е подобар додавач од Де Брујне

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.