Дерби на Олд Трафорд: Арне Слот со „црвените“ гостува кај „ѓаволите“ на Тен Хаг

Едно од најголемите англиски дербиња се игра денеска во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед како домаќин го пречекува составот на Ливерпул и новиот тренер Арне Слот, па останува да се види како овој Ливерпул со новиот тренер ќе делуваат на теренот.

Минаа две кола, а што видовме? Јунајтед можеби за нијанса изгледа нешто подобро од минатата сезона, го победија Фулам, но беа поразени на гостувањето во Брајтон, така да можеби Ливерпул во 3. коло ќе им биде вистински тест околу тоа колку напредувале и каде може да котираат сезонава во првенството.

Од друга страна, Ливерпул во сезоната влезе со нов тренер, кој оствари две победи во првите две кола, што исто така ветува за нив сезонава. Црвените делуваат одлично, иако со Ипсвич во првото коло имаа некои ситни проблеми, во второто го растурија Брентфорд.

Историјат меѓу Тен Хаг и Арне Слот постои секако, затоа што и двајцата до скоро беа тренери во Ередивизијата во Холандија. Додека го водеше Аз Алкмар, Арне Слот има два триумфа над Ерик Тен Хаг во исто толку мечеви, додека кога го предводеше Феенорд, нешто поуспешен беше тренерот на Јунајтед и тоа со ист скор (2-0).

Обложувалниците за ова дерби го прават Ливерпул јасен фаворит, со квота од 1.9, додека на домаќинот Јунајтед им е доделена квотата 3.5, што ги прави аутсајдери на хартија, но многупати во Премиерлигата се случувале пресврти од она што претходно се најавува.

Натпреварот е попладнево од 17 часот.

Прочитајте уште...  Ботафого станаа и шампиони на Бразил!

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.