Тони за 40 милиони фунти заминува во саудискиот Ал-Ахли

Брентфорд ја прифатил понудата од 40 милиони фунти за Иван Тони (28), од саудискиот про-лигашки клуб Ал-Ахли. Извори блиски до англискиот напаѓач велат дека веруваат оти договорот ќе се реализира и Тони ќе го комплетира трансферот.

Тони нема играно за Брентфорд сезонава, а менаџерот Томас Френк нема да смета на него и за утрешниот натпревар против Саутемптон. „Пчелите“ ја одбија понудата на Ал-Ахли од 35 милиони фунти пред почетокот на сезоната.

Саудискиот преоден рок не се затвора до 2 септември, па трансферот на Тони не мора да биде завршен до крајниот рок во Премиер лигата, во петок на полноќ.

Тони во Саудиска Арабија и би им се придружил на ѕвездите од калиброт на Кристијано Роналдо, на Карим Бензема и на Нејмар.

Тој постигна 72 гола на 141 натпревар за Брентфорд откако дојде од Питерборо во 2020 година. Во Премиер лигата на 85 натпревари даде 36 гола и имеше 11 асистенции .

Прочитајте уште...  Сосиедад фуриозно против Легањес - Спортски Портал

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.