САД опен: Поранешната шампионка елиминирана во првото коло

Британката, Ема Радукану (21), шампионката од 2021 година, беше поразена во првото коло на САД опен, од Американката, Софија Кенин, со 1:6, 6:3 и 4:6. Следната 2022 година таа беше елиминирана во првото коло, а лани го пропушти турнирот бидејќи се опоравуваше од операцијата на зглобот и на глуждот.

Радукану настапи на само еден турнир меѓу Вимблдон во јули и САД опен, и стигна до четвртфиналето во Вашингтон на почетокот од овој месец. Таа не настапи ниту на Олимписки игри (ОИ) во Париз, како и ВТА турниритер во Торонто и со Синсинати пред САД опен. По повредата во 2023 година, Радукану се врати на Австралија опен во јануари и стигна до второто коло.

Потоа го прескокна Ролан Гарос, на земјената подлога, за да се фокусира на тревнатите терени, одлука што се чинеше дека се исплати бидејќи стигна до четвртото коло на Вимблдон.

Прочитајте уште...  Кирјос повторно шокира! „Јас сум поинтелигентен од Новак, Роџер, Рафа и Енди“?

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.