Алкараз се повлече од Мастерсот во Мадрид

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави дека се повлекува од Мастерсот во Мадрид поради повреда на препоните на десната нога.

Алкараз беше втор носител на турнирот во Мадрид и требаше да игра со победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и Канаѓанецот Габриел Диало во второто коло.

„Решивме да не ризикуваме. Направив се што можев, но работите не се подобрија многу. Морав да го послушам моето тело и да донесам тешка одлука. Мислам дека ја донесов вистинската одлука. Ќе се обидам да се одморам и да се вратам што е можно поскоро”, изјави Алкараз на прес-конференцијата во Мадрид.

Шпанскиот тенисер беше во иста половина од ждрепката со Новак Ѓоковиќ, односно беше „планирано“ да се сретнат во полуфиналето.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Алкараз се повреди пред четири дена за време на финалето на турнирот во Барселона против Данецот Холгер Руне (6:7, 2:6).

Најдобриот шпански тенисер триумфираше на Мастерсот во Мадрид во 2022 и 2023 година.

Прочитајте уште...  (Видео) Зверев: Готово е, Ѓоковиќ е мојот тренер

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.