Алкараз: Најболен поразот од Ѓоковиќ !

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кој моментно e светски рекет број 3, откри дека еден од најболните порази во кариерата му бил минатото лето од Србинот Новак Ѓоковиќ во финалето на Олимписките игри во Париз.

Во мечот за злато, 21-годишниот Шпанец загуби од 37-годишниот Ѓоковиќ со 6-7, 6-7 и по поразот не можеше да ги задржи солзите.

-Тоа беше тежок момент бидејќи освојувањето на златниот олимписки медал беше моја цел од самиот почеток на годината. Чувствував дека морам да го сторам ова.Петнајсеттина минути по поразот ми беше тешко да сфатам сè. Се чувствував како да ги разочарав мојата земја и шпанскиот народ со тоа што не го освоив златниот медал што го очекуваа, изјави Алкараз.

Прочитајте уште...  Македонија се пласира во Втората Светска група

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.