Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

Јаник Синер, светскиот број 1 е суспендиран на три месеци.

Како што пренесоа странските медиуми и потврдија од Светската антидопинг агенција (ВАДА), најдобриот тенисер на светот ја прифатил суспензијата.

„Ова е резултат на договорот што тој постигна договор со Светската антидопинг агенција за неговите два позитивни допинг тестови минатата година, а суспензијата трае од 9. февруари до 4. мај“, објави Би-Би-Си.

23-годишниот Италијанец, кој минатиот месец го освои Австралија опен, е суспендиран на три месеци.

Тој ќе има право да игра на следниот Грен слем турнир оваа година, Ролан Гарос, кој започнува на 19 мај.

Прочитајте уште...  Дрејпер го победи Алкараз: Цела недела го анализирав, знаев дека можам да го победам

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.