Ѓоковиќ урна рекорд на Федерер и се пласира во третата рунда на АО, Алкараз го декласира Нишиока

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз изборија пласман во третото коло на Австралија опен. Ѓоковиќ во четири сета го победи Жаиме Фарија, а Алкараз во три сета убедливо го победи Јошихито Нишиока.

Ѓоковиќ прптив младиот Португалец Фарија на теренот мина нешто повеќе од три часа победи со 6:1, 6:7, 6:3, 6:2. Со исклучок на вториот сет кој го загуби во тај-брејк, седмиот носител доминираше против Фарија.

Покрај победата тој успеа да урне рекорд на Роџер Федерер. Го одигра 430.меч на Гренд слем турнирите.

Новак во третото коло ќе игра против Томаш Махач, кој го елиминира Рајли Опелка.

Aлкараз беше немилосрден против 65.тенисер на АТП листата. Шпанецот славеше со 6.0, 6:1, 6:4. Алркараз првиот сет го освои за само 18 минути игра, првиот гем на Нишиока му го препушти дури во четвртиот гем од вториот сет.

Алкараз во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Нуно Борхес и Џордан Томпсон.

Прочитајте уште...  Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.