Ѓоковиќ откри зошто не бил на последниот меч на Надал

Новак Ѓоковиќ требаше да присуствува на последниот меч на Рафаел Надал, но поразот од Шпанија во четвртфиналето на Дејвис купот ги изненади сите, вклучително и самите организатори.

Долго време потоа се зборуваше дека збогувањето е недостојно за кариерата на еден од најголемите тенисери на сите времиња, па дури и Ѓоковиќ се согласи дека се можело да биде организирано подбро.

„Не ги знам точните детали за тоа како планираа да ја направат церемонијата, но знам дека планот беше тоа да се случи по полуфиналето, доколку Шпанија помине. Јас и Мареј планиравме да бидеме таму. Поради распоредот не можевме да се организираме за четвртфиналето, но планиравме да бидеме во Малга за полуфиналето. Па, испадна онака како што испадна, за жал. Не знам повеќе од тоа“, рече Ѓоковиќ и додаде:

„Ја видов снимката… Не знам, не знам дали Рафа сакаше да не прави нешто големо, бидејќи не сакаше да им прави проблеми на другите репрезентации и натпреварите на турнирот. Искрено не знам, се чувствувам лошо што не бев таму“, рече Србинот и дополни.

„Бев со него во Саудиска Арабија, бевме заедно на теренот. Тоа беше убав момент. Ролан Гарос, Олимпијадата… Според мене, тоа не беше направено како што треба. Можеби тој самиот не беше 100 отсто сигурен дали ќе игра или не, дали може да игра уште, а потоа беше доцна да се организира нешто поголемо“.

Прочитајте уште...  Синер се изедначи со Алкараз по поминати недели како број 1 на АТП ранг-листата

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.