Белоруската тенисерка Арина Сабаленка го почна Австралијан опен со убедлива победа од 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2 против Американката Слоун Стивенс, додека Паола Бадоса славеше против Синју Ван со 6-3 и 7-6.
Првата тенисерка во светот до победа стигна за само 71 минута, откако пет пати ѝ го одзема сервисот на противничката од САД, па во второто коло ќе игра против Џесика Бусас Манеиро.
Бадоса беше одлична против Ван од Кина, па успеа да направи три брејка и си закажа пресметка против победничката од мечот меѓу Талија Гибсон и Зејнеп Сонмаз.