Ѓоковиќ не најде решение за сервисот на Опелка, испадна од турнирот во Бризбејн

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето го заврши настапот на турнирот во Бризбејн. Американецот, Рејли Опелка, го победи Ѓоковиќ по точно 100 минути игра со 2:0 (7:6, 6:3).

Опелка, кој по речиси две години пауза поради повреда на рамото, му се врати на тенисот и на првиот турнир забележа една од најголемите победи во кариерата. Во првиот меѓусебен дуел успеа да го победи Ѓоковиќ.

Највисокиот тенисер на АТП натпреварувањата (211 сантиметри), во Бризбејн дојде како 293. играч во светот. Најдобар пласман во кариерата му е 17.место на АТП листата.

Ѓоковиќ загуби бидејќи не можеше да го скроти сервисот на Опелка. Американецот освои 78 отсто од поените на првиот сервис и точно 80 отсто од поените на вториот сервис. Сервисот на Опелка е причината пто Ѓоковиќ во текот на целиот меч имаше само една топка за брејк, во третиот гем од вториот сет.

Американецот имше пет брејк топки, а искористи една, која му го трасираше патот кон победата, во четвртиот гем од вториот сет.

Опелка во полуфиналето ќе игра со Џовани Мпечи-Перикар, кој со 2:0 го победи Јакуб Меншик. Полуфиналето е закажано за сабота не порано од 11:30 часот.

Прочитајте уште...  Синер и ВАДА се договорија, Италијанецот прифатил три месечна суспензија

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.