Тенисерките на Италија го освоија Били Џин Кинг купот, победувајќи ја Словачка во финалето со 2:0. За Италијанките тоа е петти трофеј во ова натпревартување.
Во првиот меч Луција Бронзети ја совлада Викторија Хрунчакова со 6:2, 6:4, а во вториот меч Јасмин Паолини беше подобра од Ребека Шрамкова со 6:2, 6:1.