Вујкото на Ѓоковиќ избран за прв човек на српскиот тенис

Горан Ѓоковиќ, вујкото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска е избран за претседател на Тенискиот сојуз на Србија (ТСС).

Ѓоковиќ е избран на вонредното собрание на ТСС во Белград, а доаѓа на местото на Мирко Петровиќ, кој се пензионираше по девет години на чело на Федерацијата.

-Би сакал да им се заблагодарам на сите за изборот. Моето искуство во тенисот е главно преку Новак, но, исто така, бев на чело на Србија опен и на Софија опен седум години. Мојата цел е да го подобрам она што почнавме да го правиме. Финасиите се основа на сè, рече Ѓоковиќ.

Тој им се заблагодари на поранешниот претседател Мирко Петровиќ, но и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

-Немаме сопствени простории, немаме Национален центар за обука и сакам да го решиме тоа. Тоа е желба на сите наши играчи и јас не би се кандидирал за ова место доколку во сè уште ја немаме поддршката од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече Ѓоковиќ.

Прочитајте уште...  Ѓоковиќ и петте „кралеви“ можат да заработат двојно повеќе отколку на грен слемовите

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.