(ФОТО) Надал не е повреден, но нема да игра на Лејвер купот!

Рафаел Надал реши да не учествува на Лејвер купот во Берлин од 20 до 22 септември иако не е повреден. Едноставно тој се повлече од егзибицискиот тениски настан организиран од неговиот голем ривал и пријател, Роџер Федерер.

Како и многупати досега, првата помисла беше дека Надал е повреден, јасно е дека со години се бори со „илјада проблеми“, но испадна дека тоа воопшто не е така!

Надал објасни дека не е повреден и дека само сака да му го отстапи местото на друг тенисер, што беше голем шок за сите:

– Многу сум разочаран што морам да споделам со вас дека јас нема да се натпреварувам на Лејвер купот што се игра во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за да му помогнам за тимот на Европа, морам да го направам тоа што е најдобро за тимот. Во моментов има и други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи, беше се’ што кажа „Бикот од Мајорка“ за необичната одлука.

Веќе е одлучено на местото Надал да игра Бугаринот, Григор Димитров. Во тимот, чиј „селектор“ е Бјерн Борг ќе бидат уште Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Александар Зверев и Данил Медведев.

Прочитајте уште...  Ѓоковиќ и петте „кралеви“ можат да заработат двојно повеќе отколку на грен слемовите

Од друга страна, „Светскиот тим“ ќе го предводи Џон Мекинро и на располагање ќе ги има Алехандро Табил, Алекс де Минор, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Томи Пол и Френсис Тиафо.

Новак Ѓоковиќ не беше во комбинација за Лејвер купот и не се знае дали воопшто е повикан, а последен пат на тениското збогување на Роџер Федерер учествуваше во 2022 година. Многумина шпекулираа дека на овој турнир би можел да се прости и Надал, но очигледно тоа нема да се случи.

 

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.