Ѓоковиќ пред мечот со Грција: Дојдете. Не знам дали повторно ќе играм во Србија?

Новак Ѓоковиќ го најави дуелот меѓу Србија и Грција во Дејвис купот што викендов ќе се игра во Белград. „Сите ме прашуваат на конференциите: „Добро, што те мотивира и натаму“?

„Мотивиран сум од грен слем турнирите и од играњето за репрезентацијата на Србија, затоа ми значи толку многу олимпиското злато освоено во Париз. Мило ми е што сè уште му стојам на располагање на тренерот Виктор Троицки, кого го познавам од детството.

Покрај тој златен медал и првиот Вимблдон, би го издвоил и Дејвис купот освоен во 2010 година. Затоа што, кога играш за својата земја, имаш соиграчи на клупата, тренери, поддршка од трибините.

Форматот на Дејвис купот сега е таков што се’ е променето и немаме многу можности да играме дома. Последен пат играв пред моите навивачи во салата „Пионир“ пред седум години и не знам дали некогаш повторно ќе играм тука до крајот на кариерата. Затоа ги повикувам сите да дојдат да не’ поддржат“.

Пораката на Ѓоковиќ дека ова е можеби последна шанса навивачите да го видат во Србија привлече големо внимание во српската јавност. Навистина, можно е тој повеќе да не игра за Србија на домашен терен бидејќи има 37 години.

Покрај него, Србија против Грција ќе ја претставуваат Миомир Кецмановиќ, Душан Лајовиќ и Хамад Меѓедовиќ.

Прочитајте уште...  Халеп: Не очекував дека ќе биде толку тешко да се вратам

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.