Тони Надал призна дека Ѓоковиќ е најтрофеен – но даде и една „фуснота“ во изјавата

Тони Надал срамежливо признава дека Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, но даде и една фуснота на тоа тврдење.

Искусниот стратег верува дека доколку повредите го заобиколиле во минатото неговиот внук Рафаел Надал, токму тој сега би бил број1 на сите времиња во овој спорт.

– Кој играше најдобар тенис? Федерер. Кој е најдобар на сите времиња? Новак Ѓоковиќ! Тој освои најмногу трофеи. Но кој ќе беше најдобар да не беа повредите, тоа сигурно ќе беше Рафаел Надал, повредите не го заобиколија, па затоа сега Ѓоковиќ е најдобар. Но по она што го гледав низ кариерата, најатрактивен тенис играше Роже Федерер, порача Тони Надал.

Тој многупати одбиваше да признае дека Новак Ѓоковиќ е број1, па тоа сега помалку и срамежливо го признава.

Прочитајте уште...  Ѓоковиќ и петте „кралеви“ можат да заработат двојно повеќе отколку на грен слемовите

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.