Ѓорческа загуби уште во првото коло на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првата рунда на ВТА 125 Челинџер турнирот во Љубљана кој се игра за награден фонд од 100.000 евра. Таа во првото коло за ривалка ја имаше осмата носителка Полина Кудерметова од Русија.

21-годишната руска тенисерка Кудерметова, која се наоѓа на 164. место на ВТА листата го доби мечот со 2-0 во сетови (6-1 6-2) за еден час игра. За настап во првото коло на турнири од оваа категорија се добива еден поен.

Ѓорческа ќе продолжи со настапите на турнирот бидејќи во конкуренција на двојки е пријавена да игра со Џил Тајхман од Швајцарија. Тие во првото коло ќе играат против третите носителки сестрите Надја и Марина Колб од Украина.

Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап на турнир во Пазарџик, Бугарија.

Прочитајте уште...  Кирјос повторно шокира! „Јас сум поинтелигентен од Новак, Роџер, Рафа и Енди“?

НАЈНОВИЈЕ

Спортски Портал

НОВ БОНУС ЗА НОВИ ИГРАЧИ

Најнови објави 🔥

Бесплатни Типови

Ги молиме сите онлајн портали, доколку копирате статија од нашиот портал, НАВЕДЕТЕ НÈ КАКО ИЗВОР.