По повеќе од две децении, се случи во една година Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер или Рафаел Надал да не освојат ниту еден тениски грен слем турнир! Федерер последната грен слем титула ја освои пред шест години, Надал во Париз и во Мелбурн 2022-та, а Ѓоковиќ лани во Њујорк.
„Големата тројка“, традицијата ја почна во 2003 година кога Федерер победи во Вимблдон, а следната сезона ги додаде Австралија опен и САД опен.
Во 2005 година, му се придружи Рафаел Надал, кој за прв пат ја освои титулата на Ролан Гарос. Двајцата го задржаа тој момент на освојување на грен слемови до 2008 година, кога Новак влезе во игра со трофејот во Мелбурн.
Ѓоковиќ се задржа на тоа извесно време, а потоа во 2011 година додаде уште три грен слем титули. Па, уште една следната сезона, па друга следната сезона, па уште една следната сезона, уште три следната сезона…
И така, ако не беше Ѓоковиќ (што се случи само во 2017 година), тогаш тука беа Рафа или Роџер.
Како Новак, Надал и Федерер во минатото, 2024 година ја „приватизираа“ Јаник Синер и Карлос Алкараз.
Шпанецот славеше на Ролан Гарос и на Вимблдон, Италијанецот на Австралија опен и на САД опен. Бројките почнаа да растат на нивните грен слем „си-вија“, како што се предвидуваше.
Карлитос ја освои четвртата грен слем титула на легендарната трева на Вимблдон, а вчера втората ја освои Јаник во Њујорк.
Дведеценискиот рекорд е соборен, но има реални шанси такво нешто да се повтори во наредните години или децении, доколку некој им се придружи на Синер и на Алкараз во освојувањето големи трофеи.